ВИДЕО: Пандемијата ја зголеми работата и на Итната помош

Новонастанатата состојба со ковид вирусот значајно ја зголеми работата на Итната медицинска помош во Куманово. Од оваа установа информираат дека секојдневно укажуваат помош на лица заболени од вирусот. Здравствена услуга овозможуваат и на сите останати граѓани, со различни патологии.

При интервенциите често се случува и здравствените работници од Итната помош да им укажуваат на пациентите да проверат дали се ковид позитивни.

Здравствените работници од Куманово годинава искористиле дел од одморот. Оваа устанува освен на кумановци помош пружа и на жителите на руралните општини. Се уште работат со две екипи и во дневна и во ноќна смена.

Коментари

коментар(и)