ВИДЕО: Панел дискусија за политичкото учество на лицата со попреченост

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ денеска во ресторан Грација организираше панел дискусија на тема:  Политичко учество на лицата со попреченост. Според претседателката на „Инклузива“, Благица Димитровска, еднакви политички права, како и поддршка и прифаќање во политичкиот живот за лицата со попреченост се пресудни за нивната потполна партиципација и учество во сите други процеси. Од здружението сметаат дека вклучувањето во политичкиот живот на лицата со попреченост треба да биде еден од главните приоритети на политичките партии.

„Заради тоа што од осамостојувањето на Македонија немаме пратеник, ниту советник во Куманово кое што е лице со попреченост, имаме лоши државни и локални политики, потенцира Димитровска.

Бојана Младеновска од здружението „Инклузива“ смета дека лицата со попреченост најдобро знаат со што се соочуваат во секојдневието поради што треба да бидат вклучени во политиката, во законодавната власт.

„Кај нас попреченоста е во општеството, во системот, а не кај лицата со попреченост“, велат од „Инклузива“.

„Лицата со поппреченост заслужуваат да имаат свои легитимни претставници во сите државни институции, првенствено таму каде што се носат законските решенија во законодавниот дом, во советите, извршната власт“, истакна градоначалникот Максим Димитриевски.

Денешнава е прва од вкупно петте панел дискусии кои што ќе ги организира здружението „Инклузива“, на која беа присутни советници, претставници на политичките партии, граѓански организации, лица со попреченост.

 

Коментари

коментар(и)