ВИДЕО: Повик за организација која ќе раководи со Младинскиот центар

Општина Куманово ги повикува сите младински организации и организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за младинско учество и младински политики, да поднесат пријава за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово.

Согласно одлука донесена на седница на Советот, општина Куманово основа Младински центар кој преку јавен повик ќе биде доделен на управување на младинска организација или организација за млади во временски период од 5 години, и тоа од Март 2023 до Март 2028 година.

Висината на финансиски средства кои ќе се исплаќаат годишно од Буџетот на Општина Куманово за раководење на Младинскиот центар во Куманово се 600 000 денари годишно, или за период на траење на Договорот кој ќе го потпише Општина Куманово со младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Општина Куманово на 5 години – 3 000 000 денари (Март 2023 година – Март 2028 година).

Коментари

коментар(и)