(ВИДЕО) Повреден малолетник на луна парк во Куманово

Малолетник од Куманово пред два дена бил повреден на луна паркот лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“.

Според информациите на МВР, на 07 јуни годинава околу 22.30 часот во СВР Куманово,  49-годишниот Б.Д.  пријавил дека додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила.

Според сопственикот на луна паркот „Радост“од Пробиштип, не станува збор за падната метална шипка врз детето, туку во момент на игра на децата со туркање на корпите пред себе, детето било повредено.

Повеќе детали од изјавата на сопственикот на луна паркот Милорад Радосављевиќ.

„После два дена имаат пријавено во МВР дека се случил инцидент со падната шипка. Тоа не е точно. Децата се возеа на рингишпил, имаше околу 20 деца. Додека се возеа две деца туркајќи се со корпите, едно дете беше повредено. Луѓето кои што беа во близина се исплашија од крв и беше повикана Итна помош. Додека пристигна брзата помош, во меѓувреме наш човек го однесе детето во болница. Итната помош дојде тука брзо за 5-10 минути бидејќи имаше пријавено повик и на лице место се виде дека нема ништо. Повторувам додека се фрлаа со корпи две деца, едното од нив е повредено. Ние не можеме да гарантираме додека децата се возат дали ќе седат мирни. Полицијата дојде и констатираше дека нема повреди на лице место, дека нема никаков дефект на рингишпилот, дека се е исправно, во исправна состојба и продолживме да си работиме како што си работиме секој ден“,  изјави Милорад Радосављевиќ, сопственик на Луна парк „Радост“ од Пробиштип.

Коментари

коментар(и)