ВИДЕО: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Хабитат Македонија и општината

Во  просториите на локалната самоуправа денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Хабитат Македонија и општина Куманово во рамките на глобалната кампања „Домот е еднаквост“ и стартот на кампањата „Урбан октомври“. Беше основана и Локалната лидерска група во општина Куманово составена од 15 членови. Општа цел на проектот „ Домот е еднаквост“ е да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој на ромските заедници заснован на почитување и остварување на човековите права и во согласност со принципите на ЕУ и Целите за одржлив развој.

 

Коментари

коментар(и)