ВИДЕО: Потпишан меморандум за соработка помеѓу 11 правни субјекти

На иницијатива на здружението „Живот“ од Куманово, за здружување на правни субјекти за организација на манифестации и саеми, а под покровителство на Комората на органски производители, се потпиша меморандум за соработка помеѓу 11 правни субјекти, организатори на триенаесет значајни манифестации од Куманово и североисточниот плански регион.

Целта на меморандумот е да се овозможи ефикасна и координирана соработка помеѓу потписниците. За реализација на активности чија главна цел е унапредување на меѓусебната соработката и давање на придонес кон застапување на заеднички интереси.

Коментари

коментар(и)