ВИДЕО: Пратеникот Петрушевски обвини за партиски вработувања во Здравствен дом, директорот негира, не се ни членови на ДУИ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обвини дека во кумановскиот Здравствен дом имало партиско вработување. Според него четири искусни медицински сестри биле избркани од работа само затоа што се Македонки.

„Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки, вели во објавата на Фејсбук, пратеникот Петрушевски, кој ги повика  надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.

По овој настан, како што вели во објавата претседателот на општинската организација на СДСМ Александар Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Мартин Костовски  како што вели се крие и никаде го нема.

Директорот на Здравствениот дом во Куманово, Фарук Алили вели дека информациите не се точни. Според него вработувањата оделе преку Министерството за здравство и тој немал никакво влијание врз знаењето и оценките на медицинските сестри. Посочува дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство , а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец. Нагласува дека дури и вработените не се членови на неговата партија.

Тој ги повика медиумите, инспекциите да го истражат случајот и кажа дека и сега аплицирале за вработување, бидејќи имаат недостиг на кадар за нови 16 вработувања.

Коментари

коментар(и)