(ВИДЕО) Прва работилница за Стратегијата за рурален развој

Претставници на општинската админстрацијата, Здружението на земјоделци, Здружението на угостители и други граѓански организации, денеска присуствуваа на работилницата која што ја организираше Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, во рамки  на подготовката на Стратегијата за рурален развој на Општина Куманово за период 2021-2025, како дел од Програмата на Секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка, стретешко планирање, креирање политики и следење ЛЕР. Стратегијата треба да претставува водич кој ќе ја насочи општината кон нејзиното дејствување во наредниот период.

-Во рамки на изработка на оваа стратегија се предвидени пет работилници. На последната стратегија треба да учествуваат советниците од општина Куманово каде ќе биде претставена драфт верзијата на стретегијата. Стратегијата всушност ќе биде основа за аплицирање на ИПАРД програмата која што слушаме во последниов период дека ќе биде подиректно финансирање така што ќе можат да ја користат освен општина Куманово и другите локални институции и граѓански организации-истакна Донка Петровска, раководител на Одделение за стретешко планирање, креирање политики.

На денешната работилница ќе се направи SWOT анализа, ќе се воспостават приоритетите на кои ќе се насочи самата стратегија, и ќе се одлучи за активностите.

 

 

Коментари

коментар(и)