ВИДЕО: Промовиран документарен филм на НУ Музеј Куманово

„Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба“ е насловен документарниот филм од авторот Валентина Андреиќ кој што беше промовиран денеска во Занаетчискиот дом. Станува збор за проект на НУ Музеј Куманово во кој се опишани сличностите на пет цркви од кумановско, а е изработен во соработка со Телевизија Плус, истакна Валентина Анредиќ, виш кустос историчар на уметност.

– Се дојде до заклучок дека камерата како средство за визуелно бележење на предметите и адекватен начин податоците да се пренесат прд публиката. Продукт е еден опишувачки филм кој опфаќа пет цркви во кумановско, во селата Пчиња, Винце, Кокошиње, Кшање и  Живиње кои што се подигнати кон крајот на 16 и 17 век и дел во 19 век. Како главна идеја е нивната изработка на царски двери кои што се доста интересни да се погледнат и не се единствени цркви со вакви царски двери, има и други, но во овој момент ние така одлучивме, дека оваа група има доста сличности. Имавме повеќе теренски истражувања, од 2011 до 2020 година така што ги селектираме овие верски објекти кои што имаат сличности и значајни карактеристики. Ова е веќе трет филм како група од по пет цркви. Уметничката вредност е во границите на моите можности како источар на уметност, единствено важно е дека овие податоци ќе останат како едно сведоштво за идните генерации кои што треба да го знааат значењето на црквите како културни споменици, изјави Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметност.

Промотор на документарниот филм беше историчарот на уметност Славица Крстиќ, која истакнувајќи ги досегашните успеси на нејзината колешка, потенцираше дека Андреиќ изминатите 14 години активно работела на теренски истражувања на христијанските споменици на културата од средновековниот, преродбенскиот и преодниот период и преку досега три видео записи остава траен белег на недвижното културно наследство во кумановскиот регион.

-Сите истражувања вродија со плод на полето на издавачката изложбена дејност, има објавено три статии. Автор е на три изложби, но освен изложби таа прва почна да се занимава со видео записи на документарни филмови од областа на историјата на уметноста, оставајќи траен белег со векови наназад на недвижното културно наследство во кумановскиот регион, рече Славица Крстиќ, историчар на уметност.

Проектот „Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба“ е поддржан од министерството за култура.

Инаку, Валентина Андреиќ дипломирала на Филозофски факултет, група историја на уметност и археологија, на УКИМ „Свети Кирил и Методиј“ во 1999 година, а од декември 2008 година вработена е во НУ Музеј Куманово како кустос историчар на уметност. Од јули 2019 година се стекнува со звањето виш кустос историчар на уметност.

Коментари

коментар(и)