ВИДЕО: Промовиран филмот „Пиротско маало низ времето“

„Пиротско маало низ времето“ е насловот на новиот документарен филм на Љиљана Тричковиќ, кој синоќа беше промовиран во Занаетчискиот дом. Во креацијата на филмот учествува и Марјан Стошевски, а е реализиран со поддршка на Општина Куманово.

Популарното пиротско маало настанало во почетокот на 20-ти век, со населување на жители од пиротскиот крај, кои се доселувале во овие краишта, барајќи подобри услови за егзистенција. Авторката истакна дека инспирација за создавање на ова дело добила од филмот за ракометарката Јасмина Голубовиќ.

Промотор на документарецот Христина Алексовска, директорка на кумановската библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово, се осврна на традиционалните обичаи карактеристични за жителите на ова маало низ годините, преку сведоштвата на соговорниците на кои се базира филмското остварување.

На промоцијата присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово, членови на Советот на општината и претставници на општинската администрација.

Тричковиќ е автор на стихозбирките  „Танц на дотрениот мост“,Секогаш своја, романот Прва замолив за љубов и романот Не ми ја допирај верата.

Коментари

коментар(и)