ВИДЕО: Раст на новозаболени, фестивалите согласно протоколите

Растат бројките на новозаболени позитивни на ковид 19 во Куманово. Во модуларната болница и на инфективниот оддел според вчерашните податоци хоспитализирани  се 70 лица. Во дневната болница се лекуваат 52 граѓани од североистокот. Повеќето од заболените не се вакцинирани. Надлежните од општата болница информираат дека засега располагаат со доволен број места, но доколку продолжи трендот на зголемување на бројките на позитивни случаи, ќе мора да отворат уште еден оддел. Бројката на активни случаи во Куманово во моментов е над 900.

И покрај ваквата здравствена состојба, на градскиот плоштад во Куманово изминатава седмица се одржаа Тамбурашки фестивал, Тумба фест, Рома труба фест, меѓународен фолклорен фестивал. За неколку дена е најавен и кумановскиот џез фестивал.

Настаните се одржаа согласно протоколите за заштита од вирусот. Оние кои сакаа да присуствуваат во првите редови задолжително требаше да приложат потврда за вакцина, најмалку прва доза или потврдат за прележан ковид 19 во последните 45 дена. Покрај редарската служба, на терен беа и волонтерите од Црвениот крст.

Коментари

коментар(и)