(ВИДЕО) Ристовски: Повеќе пари за три културни манифестации

Три манифестации од областа на културата предвидени со годишната програма на секторот за култура при Општина Куманово добија дополнителна финансиска поддршка од првично предвидените средства. Измената ја изгласаа советниците на последната седница, а станува збор за Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, фестивалот на дувачки оркестри „Рома труба фест“ и Меѓународинот фолклорен фестивал.

-На последната седница на Советот на Општина Куманово се направи измена и дополнување на годишната програма за култура за 2021 година се со цел фин.средства кои не беа искористени во претходниот период заради ковид пандемијата односно некои манифестации кои што тогаш беа предвидени или кои се традиционални заради здравствената состојба не беа одржани и тие финансиски средства ги пренаменивме во некои манифестации кои што ги има во годишната програма за култура но ќе се одржат во наредниот период. Околу 450.000 денари беа пренаменети финансиски средства од манифестациите кои што не се одржани во манифестации кои што во наредниот период ќе се одржат. Манифестациите кои што ќе се одржат во наредниот период, а им се зголемени финансиските средства се фестивалот на дувачки оркестри „Рома труба фест“, Меѓународниот фолклорен фестивал и фестивалот „Денови на комедија“, изјави Цоки Ристовски, раководител на Сектор за култура, спорт, социјална заштита и заштита на децата и здравствена заштита

Минатата година заради ковид кризата не се одржаа неколку предвидени културни манифестации, меѓу кои традиционалниот Маскенбал „Батко Ѓорѓија“, матурскиот бал на градскиот плоштад и слично.

Коментари

коментар(и)