ВИДЕО: Светосавска академија во Куманово по повод националниот празник на Србите во Македонија

Националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава традиционално во Куманово ќе биде одбележан со Светосавска академија во организација на Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово.

Годинава академијата ќе се одржи на 26-ти јануари во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот на која ќе  присуствуваат значајни гости од областа на политиката, културата, образованието од двете држави.

– Чест ни е што оваа година ќе ни биде гост министерот за одбрана и потпретседателот на Владата на РС Милош Вучевиќ, министерот за труд, вработување Никола Селаковиќ, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, амбасадорката на РС Невена Јовановиќ, амбасадорот на Федерацијата БИХ Драган Јаќимовиќ, најверојатно доаѓа и рускиот амбасадор Базникин, а ќе има и богата културно -уметничка програма. Веќе е договорено специјални гости во програмата да бидат уметничкиот ансамбл на Министерството за одбрана „Станислав Бинички“ заедно со нивните солисти, познатиот тенор и првенец оперскиот пејач Оливер Њего, во рамките на програмата беседа за Свети Сава ќе одржи познатиот режисер, книжевник и публицист Драгослав Бокан, доаѓаат и неколкумина глумци и на крај секако, во рамки на програмата е и културно -уметничкото друштво „Српски вез“ кое ќе се претстави со својот детски ансамбл, младинскиот ансамбл и првиот изведувачки ансамбл, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“

Светосавски академии по повод националниот празник на Србите во Македонија ќе се одржат и во Битола и Тетово, а централното одбележување на празникот на српската заедница Свети Сава ќе биде во Скопје на 27 јануари, во МНТ.

 

Коментари

коментар(и)