ВИДЕО: Се празнува Источен петок во црквата во Бедиње

Православните верници денеска го празнуваат Источен петок или Балаклија. На првиот петок по Велигден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него.

Во Куманово традиционално секоја година црквата Света Петка во населбата Бедиње е местото на централното празнување и ги собира верниците во поголем број.

Утрово во чест на Источен петок митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј заедно со свештениците отслужија света литургија, по што беше извршен чин на осветување на водата, а се пресекоа и колачи и се предаде кумството за наредната година. Верниците се помолија пред иконите, запалија свеќи за здравје и оставаа велигденски јајца.

На овој ден луѓето ги посетуваат изворите и ги мијат лицето и очите или три пати преку себе префрлаат вода од изворите, заради тоа што се верува дека на Источен петок Богородица му ги миела раните на Исус.

Коментари

коментар(и)