ВИДЕО: Се реконструираат соби во Домот за стари лица, состојбата со Ковид 19 е стабилна, позитивни нема

Целосно се реконструираат 17 соби во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Установата во моментов ја користат 140 штитеници, иако капацитетите се за 180 лица. Надлежните информираат дека состојбата со ковид 19 е стабилна, позитивни нема. Се работи согласно протоколите, а посетите се забранети, откако се зголеми бројот на позитивни во земјава. Домот за стари лица во Куманово одамна не е само регионална установа. Престојуваат корисници од целата држава.

-Во тек е една поголема реконструкција во Домот за стари лица еден цел реон, вкупно 17 соби веќе еден и пол месец се реконструрираат. Ја менуваме целосната водоводна, канализациона, електрична мрежа, санитарии, годините си го направиле своето домот функционира 40 години доста од собите се дотраени и согласно нашите финансиски можности но и согласно капацитети и можностите да не бидат нарушени условите за живеење во домот за стари лица. Инвестицијата продолжува и се надевам дека ќе биде завршена до Нова година, кога овие соби ќе се пуштат во употреба. Во последните три и пол години постојано вложуваме во капацитетите, подобрување на условите меѓутоа тоа сепак е градба од 1980 година. Поголем дел од собите и капацитетите се достасани за реновирање, така што има доста работи кои се направија, купија, но сепак останува уште доста да се работи. Се надевам дека домот доколку редовно се реновира ќе си го задржи оној сјај и лик кој треба да го има-вели директорот Дејан Стојановски. 

Коментари

коментар(и)