ВИДЕО: Се реконструира ОУ „Дитурија“ во Липково, Царовска на увид

Министерката за образование и наука, Мила Царовска заедно со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи денеска извршија увид во реконструкцијата на основното училиште  „Дитурија“. Со инвестиција од 9, 5 милиони се обезбедува енергетска ефикасност на објектот, санитариите и внатрешноста. Целта е да се обезбеди подобра и поквалитетна инфраструктура за учениците.

-Паралелно со подобрување на инфраструктурата на училиштата, работиме и на подобрување на програмите. Продискутирав со наставниците од прво и четврто одделение и со директорот дали се задоволни од програмите, како се реализираат. Видовме дека процесот на дигитализација и во ова училиште се одвива непречено, дека учениците имаат пристап и до уреди и до дигитална табла, што ни кажува дека навистина процесот на трансформација и дигитализација на основното образование се случува подеднакво во сите општини на целата територија на нашата држава-истакна министерката за образование-истакна министерката за образование.

Царовска нагласи и дека министерството ќе продолжи да инвестира во трите столба за квалитетно образование-подобрување на инфраструктура, добри програми и обука на наставниот кадар.

Наставниците поминаа интензивна обука во летото за имплементација на новата програма, продолжуваме со поддршка во наредниот период, се со цел да постигнеме подобри резултати кај нашите ученици на меѓународни тестирања и од друга страна да создаваме капацитети, на луѓе граѓани кои понатаму ќе ја водат оваа држава кон развиена која ќе може да ги следи европските стандарди кон коишто сите се стремиме-додаде таа.

Градоначалникот на Липково, информираше дека претходно во ова училиште беше изградено и спортско игралиште преку Агенцијата за млади и спорт.

– Сега имаме најсовремени услови за изведување на наставата – изјави градоначалникот Арифи.

Во ова основно училиште во општина Липково, настава следат 260 ученици од прво до деветто одделение.

Коментари

коментар(и)