(ВИДЕО) Се собира ли сметот редовно, прашуваат советниците

Сметот во централното градско подрачје се собира по два пати во три смени за 24 часа, дел од оштетените контејнери во централното градско подрачје се заменети со нови 150 пластични, сите камиони се функционални и се на терен, вклучувајќи ги и добиените како донација, а кога ЈП „Чистота и зеленило“ ќе добие дозвола ќе ги распореди и новите 1300 контејнери кои што во моментов се сместени на паркингот на пајак службата кон населбата Карпош, рече вд директорката Цветанка Ивановска на вчерашната седница одговарајќи на прашањата од советниците од опозицијата.

Тие посочија дека претпријатието треба повеќе да поработи на хигиената во градот, редовно да се изнесува сметот не само во централното градско подрачје, туку и во приградските населби, да се постават контејнери и корпи за отпадоци, а советниците имаа забелешки и во однос на предвидените 23 вработувања од кои најголем дел се раководителски места во наредната година во „Чистота и зеленило“.

И покрај забелешките од советниците, Ивановска потенцира дека е подобрено работењето на комуналното претпријатие, а градот е почист споредбено со претходните години.

Иако опозицијата негодуваше, мнозинството советници ги усвоија извештајот за финансиското работење и предлог-годишниот план за вработување во „Чистота и зеленило“ за 2022-та година.

 

Коментари

коментар(и)