ВИДЕО: Сите заедно да го сузбиеме насилството, трибина на гимназијата

„Врсничко насилство зошто?!- е насловот на денешната трибина којашто се одржа во кумановската гимназија „Гоце Делчев“. Учениците заедно со наставниците имаа можност да ги кажат своите видувања, но и да добијат совет. Педагозите велат дека немилиот пример од соседството мора да биде аларм за итни реакции и кај нас. Насилството потстоело отсекогаш, но сега излезе на виделина. Велат мора да се врати воспитувањето во училиштата, коешто е запоставено, да научиме да ги слушаме децата, но и родителите дома мора да разговараат со своите деца. Неопходни се и реформи во образованието.

 

 

Коментари

коментар(и)