(ВИДЕО) Со проширување на зоната Б, до повеќе паркинг места

Приоритет на јавното претпријатие „Куманово паркинг“ оваа година ќе биде проширување на Б зоната за паркирање, и намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, информираше новиот директор Сашо Петрушевски. Тој нагласи дека програмата за тековната година е изгласана на Советот, па јавното претпријатие веќе е во фаза на подготовка на нови паркинг места на јавно прометните површини.

-Општина Куманово заедно со јавните претпријатија кои се задолжени за таа работа „Куманово План“ пред се, потоа ЈП „Водовод“ кое ги изготвува геометриските работи и сообраќајните решенија ги одобрува МВР Куманово. Заедно со здружени сили се изготвува и мислам дека е веќе при крај за Трета МУБ каде што ќе се реши паркирањето. Од влезот на Куманово долж целиот булевар. Мислам дека со тој потег ќе се рестерети хаосот кој веќе е евидентиран од надлежните органи и ќе се воведе ред-истакна Петрушевски.

Директорот на „Куманово паркинг“ информираше дека веќе пристигнало барање и од станбените домари кои побарале решавање на метежот на булеварот „Октомвриска револуција“ и исцртување на паркинг места.

-Мислам дека со неколку такви чекори ќе биде решен проблемот со паркирање во централното градско подрачје. Со тоа што општината и градоначалникот ветија и дека ќе имаме повеќе катни гаражи, со тоа би се растеретило централното градско подрачје и со сите тие чекори кои ќе се преземат од ЈП, мислам дека ќе дадеме придонес заедно со надлежните органи, сообраќајната полиција во Куманово моменталниот сообраќаен метеж да се доведе во ред. Ќе придонесеме со нашата работа и овие проекти да дадеме некој придонес како би можеле граѓаните да имаат подобар пристап и сообраќајниот пристап во централното градско подрачје да се растерети-истакна тој.

Петрушевски нагласи дека цената за паркинг услугите ќе остане иста, односно 30 денари за А зона, а 20 денари за Б зона. Нагласи општината иако е најголема во земјава, располага со мал број паркинг места.

 -Струмица има околу 1.300, Битола 1.700 Куманово е најголема општина, со најмногу жители и регистирани возила има 570 паркинг места кои се обележани. Ќе работиме на тој проблем да дојдеме на ниво на потребите на градот, со тоа што за сето ова е потребно и време и временски услови затоа што треба да се обележи, со потребна документација, одобрувања, сообраќајни решенија за да пристапиме кон зголеување на местата-дополни тој.

Од Куманово паркинг очекуваат поефикасно решавање на проблемот со паркинг и отстранување на непрописно паркираните возила со новото пајак возило кое се очекува да пристигне преку општинската набавка на повеќе возила, работни машини, опрема преку задолжување.

 

Коментари

коментар(и)