(ВИДЕО) Србите добиваат бесплатни картички за патарина

На граничниот премин Табановце почна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи. Оваа владина одлука е наменета за туристите од Србија кои транзитираат низ коридор  10 на пат кон Грција. Целта е да се изрази благодарност до Србија, која прва донираше, но и обезбеди бесплатно вакцинирање на нашите државјани. За оваа намена од буџетот ќе се одвојат 2,8 милиони евра.

Добивме картичка, многу сме задоволни што направивте добар гест за нас Србите кои патуваме, ја обожаваме Македонија, сега уште повеќе-вели еден српски државјанин.

На секоја од картичките има 760 денари, колку што чинат патарините во двата правца.  Од вкупно планираните 200 илјади картички, во првата количина јавното претпријатие за државни патишта изработи 65.000, кои веќе ги делат припадниците на Министерството за внатрешни работи на граничниот премин Табановце.

Одлуката за бесплатна патарина за Србите ќе треа до 15-ти август. Инаку картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои можат да ги надполнат, со не помалку од 300 денари, при следен влез во државата.

 

Коментари

коментар(и)