ВИДЕО: Средношколците во „Наце Буѓони“ разговараа за булинг, родова еднаквост и семејно насилство

Средношколците од техничкото училиште „Наце Буѓони“ денеска разговараа на тема булинг, родова еднаквост и семејно насилство во рамките на денешниот настан „Простор за разговор“ преку проект кој го реализира Интерарт културниот центар со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје во соработка со хуманитарното здружение „Мајка“. Во рамки на средбата средношколците го разгледаа филмот „Простор за разговор“, кој ја опфаќа темата за родовата еднаквост и семејното насилство и низ уметнички активизам ја подигнува свеста за овој огромен проблем во општеството, а со учесниците разговараа Лидија Илиевска, претседателка на хуманитарното здружение „Мајка“ и Рисима Рисимкин, уметник и професор.

Таа најави дека вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“, во 20 часот, во фоајето на центарот каде ќе се одржи краток танцов перформанс на Скопје танцовиот театар во соработка со катедрата за танц при УГД, „Простор за разговор“, по кој ќе се проектира филмот.

– Целта е да преку разговори да ги информираме учениците за различни видови насилство и она што се јавува кај нив булинг, да видиме како размислуваат, дали се соочиле со булинг и се надеваме дека преку креативни активности и работилница сакаме да допреме до младата популација посебно, учениците од прва година, изјави Лидија Илиевска, психолог и претседател на ХЗ „Мајка“

Коментари

коментар(и)