ВИДЕО: ССНМ на средба со колегите од Куманово

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници одржаа средба со новинарите и снимателите од Куманово. Се зборуваше за проблемите со кои се соочуваат при извршување на својата работа.

На работната средба беше констатирано дека условите во кои работат локалните медиуми се лоши и имаат проблем со задоцнето исплаќање на платите и кратење на истите, па затоа и вкупната бројка на новинари и медиумски работници постојано се намалува.

Медиумските работници од Куманово апелираат, а ССНМ ќе воспостави контакт со надлежните органи со цел поведување сметка за состојбата во оваа професија, бидејќи забележителен е падот во професијата поради постојано кратење на платите и хонорарите и честото непочитување на основните работнички права во гласилата што може да доведе до сериозни последици по развојот на слободите и демократијата во медиумскиот простор.

На средбата беше изграден заеднички став дека со синдикално здружување постојат услови за подобрување на статусот на новинарите и медиумските работници во локалните медиуми.

Коментари

коментар(и)