ВИДЕО: Стабилна е состојбата во градинката „Ангел Шајче“

Непречено функционира детската градинка „Ангел Шајче“. Стабилна е состојбата во оваа установа. Засега не се регистрирани деца позитивни на ковид 19. Повремено се евидентирани позитивни случаи кај вработените, но веднаш се поставува согласно дадените насоки. Согласно проектираните капацитети, но и протоколи градинката во моментов ја посетуваат 1.200 дечиња, а слободни има уште места, но во одредени објекти, информираат од оваа установа.

-За среќа немаме ниту едно дете позитивно. Ќе се појави по некој случај од вработените и од вакцинираните и од невакцинираните, меѓутоа согласно алгоритмот и соработката со Центарот за јавно здравје постапуваме и министерството навремено го известуваме. 70 проценти од вработените се вакцинирани додека преостанатите поради некои коморбидитети или пак прележан ковид се уште не можат да се вакцинираат, но засега нема никаков отпор-вели директорката на детската градинка во Куманово, Марина Алексовска.

Од градинката информираат дека се уште има места за згрижувања на деца, мал дел во објектот Пчелка, Славејче и Бубамара и во Бамби каде целосно ќе се отворат две нови групи за целодневен престој.

-Протоколите во текот на годината се менуваа во однос на бројот на децата во воспитни групи, така што сега според последните протколи бројот на деца во воспитна група до 2 годишна возраст изнесува 15, додека во воспитни групи од 2 до шест години изнесува 25. Станува збор за центарот за ран детски развој Бамби каде знаеме како работат центрите, но овие две простории во основното училиште 11-ти октомври во непосредна близина на објектот Синоличка ќе се преадаптираат во воспитни групи со целодневен престој.  Исто така информација и до жителите на населбата Иго Тричковиќ центарот за ран детски развој Сонце во подрачното училиште  Карпош, досега беше затворен, но родителите некои доаѓаа во градинка и испративме информација до училиштето каде родителите ги повикуваме, сите заинтересирани кои сакаат да ги стават децата во центарот да дојдат во управата и ќе ги добијат сите информации. Но, треба и доволен број родители да се пријават за да можеме да ја отвориме групата и да функционира согласно стандардите-посочува Алексовска.

Директорката на кумановската градинка укажува и дека интерес има и за згрижување деца од училишна возраст, но согласно одлуките тоа засега не функционира.

-Комисијата за заразни болести на крајот на август донесе заклучок со кој не дозволува згрижување на деца од 6 до 10 години во овие пандемиски услови, поради епидемиолошка оправданост затоа што во таа група од различни возрасти, одделенија ќе бидат во ист простор. Засега се уште не сме во можност, имаме писмено известување дека не можеме да ги згрижиме овие деца од 6 до 10 години-дополни таа.

Минатата година во кумановската градинка беше евидентирано само едно дете, позитивно на ковид 19.

 

Коментари

коментар(и)