ВИДЕО: Станарите од „Октомвриска револуција“ против зонско паркирање

Жителите на „Октомвриска револуција“ одбиваат општината да воведе зонско паркирање пред нивните згради.

Тие се против и повластено паркирање, бидејќи велат не е време во ваква криза.

На јавен состанок едногласно се договорија да ги повикаат на состанок претставниците на општината и јавното претпријатие Куманово паркинг и да им го кажат својот став.

Се надеваат на заеднички прифатливо решение, во спротивно најавија протести и блокади.

Од јавното претпријатие Куманово паркинг информираа дека очекуваат барање за средба со жителите, по што ќе излезат и со свој коментар. Тие се сомневаат дека протестот е политички мотивиран, но сепак ќе се водат согласно законот.

Коментари

коментар(и)