(ВИДЕО) Стечајците задоволни, ќе се обештетат уште 1.100 лица

Членовите на здружението на стечајни работници УНИТ од Куманово се задоволни од усвоените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. По измените на ниво на државата ќе бидат опфатени дополнителни 1.100 стечајци. Тие ќе добиваат месечен надоместок од над 9.000 денари. Најголем број од лицата кои по овие законски измени ќе бидат обештетени се од Куманово, Велес и Штип.

-Петти пат како се поднесува ова решение за стечајните работници што благодарени на владата имаме добра комуникација. Што можат да кажат стечајците, радост, ќе се згрижат после 15-17 години да се дојде до парче леб многу значи. Ќе се има за парче леб и лекови. Радоста е голема особено за оние што им недостига на некој пет-шест дена, месец или два, на некој и повеќе осум месеци, еве сега ќе го остварат правото -истакна Лилјана Ѓеоргиевска, претседателка на УНИТ.

Од ова здружение посочуваат дека иако правото веќе го користат над 13.000 лица, сепак се уште нема да се опфатат сите стечајци.

-Нема да бидат опфатени оние со 10-13 години во државна сопственост. Тоа веќе е надминато приватен капитал каде треба и ние да знаеме каде ни е местото, ќе се обидеме но засега не, во наредната година ќе се обидеме барем уште една група од тие лица. Се надевам дека ќе има уште еден решение. Да се земат во предвид оние стечајци што зедоа од приватните фирми капитал, како кожара, зик, сточарство и преработка а произлегуваат од државниот капитал да им се уважи, да можат и они да бидат обештетени бидејќи многу е мал бројот, се работи за 30-ина луѓе, се надевам дека ќе најдеме разбирање-нагласи Ѓеоргиевска.

Оние кои исполнуваат услови ќе треба да поднесат барање за осварување на ова право до Центрите за вработување.

Коментари

коментар(и)