ВИДЕО: Сточари од неколку села повторно на протести, не дозволуваат уништување на свињите

Сточари од неколку кумановски села денеска повторно излегоа на протест. Тие порачаа дека нема да дозволат да се уништуваат свињите, откако добиле сознанија дека надлежните планираат да влезат во селата. Информираат дека овие месеци не добиле никакво решение за присуство на африканската чума кај нивните животни. Појаснуваат дека голем дел од селата живеат токму од сточарството.

Коментари

коментар(и)