(ВИДЕО) Стојановски: Куманово ќе биде хумана и социјална општина

„Хуманоста и грижата за сите се едни од главните карактеристики за Куманово. Во изминатите четири години покажавме грижа и овозможивме заштита кон секого. Само во периодот на КОВИД-19 кризата општинскиот штаб за заштита и спасување дистрибуираше повеќе од 5.000 пакети со помош до социјалнo загрозени семејства. За следниот мандат
имаме и план и визија за да го подобриме животот на секој еден граѓанин, истакна канадидатот за советник од граѓанската иницијатива За наше Куманово, Дејан Стојановски. Тој најави отворање на градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија.

Ќе отвориме и преноќевалиште за бездомници и психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство, поплави и пожари. Ќе изготвиме програма за реинтеграција на маргинализирани лица (зависници од психотропни супстанци) на пазарот на труд и шелтер за маргинализирани групи. Децата од социјалнo-загрозени семејства ќе бидат вклучени во воннаставните активности и неформалното образование преку бесплатни курсеви, екскурзии, спортски активности и можност да учат и тренираат одреден спорт бесплатно“, потенцираше Стојановски.

Стојановски информираше дека општина Куманово ќе продолжи со постоечките активни мерки и проекти за социјална заштита, како проектот општинско корисна работа со ангажирање на невработени лица во улога на: образовни асистенти на ученици со попреченост, ментори во двата Дневни центри за лица со интелектуална попреченост и асистенти за стари лица за помош и поддршка во домашни услови.

Ќе продолжиме и со субвенционирање на трошоци за комунални услуги и јавен градски превоз за стечајни работници, самохрани родители, слепи лица, приматели на социјална парична помош, згрижувачки семејства, деца без родители, пензионери и други ранливи категории на граѓани“. Една од предвидените мерки е и еднократна парична помош или помош во натура за лица од социјален ризик – рече Стојановски.

Тој најави и развивање на проектот за инклузија на децата Роми, изградба на стационар за згрижување и нега на кучиња скитници. Стојановски посочи дека сите граѓани мора да имаат еднакви можности и
исти права за квалитетен живот.

Коментари

коментар(и)