ВИДЕО: ТВ Плус осум години ги информира кумановци

Осум години во функција на кумановци. 8 години посветени на јавниот интерес. 8 години Ваша ТВ Плус!

И покрај тешката економска состојба и сите претходни кризи со кои се соочивме, останавме верни на задачата, предизвикот. Се бориме за да останеме на нозе, но нудиме брзи, навремени, објективни но пред се точни информации. Со мал тим од новинари, сниматели и техничари, сепак се обидуваме да ги проследиме најважните случувања во градот, настаните, промоциите. Прашуваме и ги третираме локалните проблеми и не само во централното подрачје, туку и населбите, руралните средини. Освен што информираме, со содржините се обидуваме и да едуцираме и забавуваме.

Нашите продукциски изданија се емитуваат и на национални и регионални телевизии. На сите веќе добро ви се познати емисиите: Нема љутиш, Став, Компаратив, За Куманово, и многуте содржини, грижливо одберени за кумановци. Секоја вечер, од 18 и 22 часот, се емитува нашиот Дневник, во кој се застапени теми од различни дејности. Во живо на нашата телевизија се емитуваат и седниците на Советот на Општина Куманово.

Веруваме дека со посветеноста и професионалноста  за овој период изградивме мост на доверба и соработка со граѓаните. Отворени сме за соработка и со сите политички партии, организации, здруженија, етникуми. Иако сме локален медиум, постојано добиваме информации дека преку онлајн сигналот не следи и регионот, државата но и целиот свет.

Не можеме а да не изразиме благодарност до нашите соработници, деловни пријатели и пред се до вас, верните гледачи. Продолжете да не следите, и да ни верувате. Ние, остануваме посветени во работењето и отворени за соработка, предлози, идеи за обработка на теми во ваш интерес.

Ваша Телевизија Плус!

Коментари

коментар(и)