ВИДЕО: Тениските терени почнаа да функционираат

Започнува сезоната на тенисот во Куманово. Тениските терени во непосредна близина на спортската сала од пред една седмица се пуштени во употреба, а деновиве ќе бидат прецизирани термините и политиката на користење на терените од рекреативците и од клубовите, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово- паркинг“ кое од неодамна стопанисува со нив. Терените ќе можат да се користат секој ден, соопшти директорот на претпријатието Сашо Петрушевски.

-Се договоривме во текот на оваа недела до први април да ги договориме и термините и политиката на користење на тениските терени со тоа што ние како ЈП имаме интенција да бидат достапни до сите граѓани, значи да има слободни термини за рекреативците кои се во се поголем број, нормално да функционираат и клубовите и да функционираат сите оние асоцијации и здруженија кои што работат со млади тенисери. Имам сознанија дека неколку наши тенисери и тенисерки веќе имаат некаков завиден успех со тоа што ние како општина и како ЈП сакаме да им овозможиме да со својата работа го достигнат нивниот врв и да направат уште поголеми успеси во наредниот период. Бидејќи немаме дозвола од трудовата инспекција, веќе во процес е пријавување на работа во недела, знаете дека државата донесе закон и мора да имаме таква дозвола бидејќи казните се големи, се надевам дека ќе добиеме до први април и мислам дека од наредната седмица и недела ќе ја покриеме со работа, секако после добивање на дозвола така што можат и рекреативците и клубовите да ги користат терените и во ден недела, изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Куманово -паркинг“

Цената за користење на тениските терени од страна на рекреативците е утврдена со одлука на Советот на општина Куманово и изнесува 150 денари.

Инаку, ЈП „Куманово паркинг“  од февруари годинава менаџира со четирите големи спортски објекти во Куманово, градскиот базен, стрелиште, градски стадион, Соколана, футсал игралиштата и тениските терени, откако претходно спортските објекти Владата и ги врати на стопанисување на општина Куманово. Одлуката за менаџирање со објектите од страна на „Куманово паркинг“ ја донесе Советот на општината.

 

Коментари

коментар(и)