ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

Со еден златен и два бронзени медали се вратија натпреварувачите на кумановскиот клуб бразилска џиу-џица Предатор, од меѓународно натпреварување, кое се одржа во Софија.

Иван Димитриевски во борбите со и без кимоно под 68 килограми, освои два медали, еден златен и еден бронзен. За телевизија Плус раскажа дека е задоволен од резултатите, иако конкуренцијата била голема.

Од меѓународното натпреварување со бронзен медал се врати Звездан Илиќ во категоријата под 92 килограми. Свој настап имаше и Матеј Кузмановски, кој сепак не успеа да обезбеди медал и покрај одличниот настап.

Тренерот Стефан Лучиќ изрази задоволство од постигнатите резултати. Најави дека наскоро се очекува да учествуваат на уште едно натпреварување.

 

Коментари

коментар(и)