(ВИДЕО) Унапредена алатката за наплата на ЈП „Чистота и зеленило“

Унапредена е алатката за наплата на сметките кон јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Кумановци освен што ќе можат електронски да ги платат своите сметки, ќе можат да извршат увид на наплатата, неподмирените сметки, преку регистрација на самата алатка. Електронската наплата во ова претпријатие започна да функционира пред две години, во време на корона кризата, со цел да се спречи метежот пред наплатните центри.

-Оваа алатка не беше во најдобар ред и претставуваше проблем на самите граѓани при наплата. Затоа сега пред една недела е унапредена и веќе е воведена апликација што значи можност за граѓаните да создадат корисничко име, да влезат преку апликацијата и на тој начин да вршат уплата на самите сметки, меѓутоа и преку таа алатка ќе имаат можност да видат колку сметки им заостануваат, колку долг имаат кон самото јавно претпријатие. На тој начин се надеваме дека нема да се создаваат дополнителни метежи во наплатните центри како оди времето, современиот начин на живеење, граѓаните се повеќе се преориентираат кон плаќање на сметките електронски. Од една страна ова се помалку трошоци за самото јавно претпријатие а од друга страна нуди услуга на граѓаните да не се шетаат, одземаат дополнително време при плаќање на сметките-информира директорот на ЈП „Чистата и зеленило“, Даниел Стојчевски.

Од претпријатието информираат дека се задоволни од целосната наплата која се движи од 80 до 90 проценти за физички и правни лица.

 

Коментари

коментар(и)