(ВИДЕО) Утре започнува Вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021“

На специјално направена сцена пред центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер започнува Вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021 “, кој ќе трае до 22 август. „Љубителите на фолклорот ќе имаат можност три вечери да уживаат во музиката и игрите на ансамбли и културно- уметнички друштва од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија. Иако претходно беше најавено и учеството на фолколорна група од Грузија, деновиве настапот e откажан“, рече на денешната прес-конференција претседателот на организациониот одбор на фестивалот и на КУД  „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.

-На фестивалот оваа година ќе земат учество четири држави од Европа и шест ансамбли од Македонија. Од Македонија ќе земат учество КУД „Панче Пешев“ од Куманово, ансамбл „Битола“ од Битола, ансамбл „Мирче Ацев“ од Скопје, група од Сарај, Скопје, ансамбл од Вевчани и Гевгелија. Претходно со почеток во 18 часот ќе се организира дефиле со сите учесници што настапуваат тој ден по улиците на Куманово, а околу 19.15 ќе биде свечено претставување на учесниците тој ден.  Утре освен домаќините, КУД „Панче Пешев“ од Куманово, со свои точки ќе настапат и Ансамбл „Битола“ од Битола, Ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија, Ф.А. ЈУ „Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора како и Ф.А. „Славеј“ од Софија, Република Бугарија.

Освен нив ќе настапат и „Вараждински фолклорен ансамбл“ од Вараждин, Хрватска како и Уметничкиот центар „Талија“ од Белград.

Втората вечер ќе настапат КУД „Дрита е Дервенит“ од Сарај, АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје, „Славеј“ од Бугарија, Ф.А. ЈУ „Захумље“ од Никшиќ, Црна Гора, „Вараждински фолклорен ансамбл“ од Вараждин, Хрватска како и Уметничкиот центар „Талија“ од Белград.

Третата и последна вечер ќе се одржи во недела со почеток во исто време и на исто место, а настапи на затворањето на настанот ќе имаат КУД „Дримкол“ од Вевчани, домаќините КУД „Панче Пешев“, како и гостите од Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Србија), рече Мирослав Крстевски, претседател на организационен одбор на фестивалот

Меѓународниот фестивал ќе го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а поканети се и претставници на државниот врв, министри, амбасадори.

Пред присутните, на сцената први ќе настапат домаќините, односно културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“. Крстевски потенцира дека манифестацијата ќе се одржи со строго придржување на протоколите донесени од Владата. Ангажирана е и редарска служба која ќе биде задолжена за проверка на потребните ковид документи на посетителите кои што ќе сакаат да влезат и да седнат во оградениот дел во кој ќе бидат поставени околу 300 столчиња.

-Да напоменат дека посетителите во делот кој ќе биде ограден пред самата сцена ќе можат да влезат и да седнат луѓе кои што се вакцинирани или кои ги имаат потребните ковид документи, останатите можат однадвор да гледаат. по отворањето на фестивалот следат настапите на учесниците. сите ќе настапат со една кореографија, со најексклузивните свои настапи и верувам дека учесниците и љубителите на фолклорот ќе имаат можност да видат разнолика програма, рече Крстевски

Учесниците на фестивалот в сабота ќе имаат прием кај градоначалникот  Димитриевски, информира Крстевски, а настапите и втората и третата вечер започнуваат во 19.30 минути.

Вториот Меѓународен фолкорен фестивал е во организација на културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“, МКЦ „Козјак“ и Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура.

Медиумски покровител на фестивалот е Телевизија Плус.

 

Коментари

коментар(и)