ВИДЕО: Учениците на распуст, заврши учебната година

Празни училишни клупи, ходници. За основците и средношколците заврши оваа учебна година.  По две години затвореност поради ковид пандемијата, наставата во септември лани започна навреме. Но се одвиваше со два прекини во второто полугодие, поради состојбата со коронавирусот, и штрајкот на СОНК. Учениците среќни што следуваат месеци на одмор и дружење. И покрај специфичната учебна година со два прекини, од училиштата се задоволни од реализираното.

-Задоволни сме од физичкото присуство на учениците без оглед на прекините коишто ги имавме. Од една страна и прилично е интересна затоа што се вратија со нов елан и нови победи, така што учебната година е на задоволително ниво-вели Александар Стефановски, наставник во ОУ „11-ти Октомври“ Куманово.

И од основното училиште Браќа Миладиновци велат дека изминатата 2021/2022 година била специфична учебна година. Наставата во оваа образовна установа се одвиваше и онлајн поради проблеми со кровот, се работеше со скратени програми а имаше и штрајк на воспитно образовниот кадар, како и во останатите училишта во градот.

-Мора да се пофалам дека и покрај ова се што надминавме заедно, училиштето и учениците бележат врвни награди освоени на меѓународно ниво, државно и општинско. Се китиме со награди кои се мотивирачки, и за нас како наставници и за родителите, а најмногу и за учениците. Сакам да изразам благодарност до родителите кои имаа бескрајно трпение со нас кои ни беа соработници од самиот почеток на учебната година до самиот крај. Ни беа врвни соработници по однос на разбирањето за кровната конструкција, за штрајкот, отсутствата, за се она што значи да се заокружи еден воспитно образовен процес а да биде на задоволство на учениците и наставници. Им посакувам среќни и безбедни летни денови и убав распуст кој ќе го одбележат со позитивни мисли, емоции и во септември ги очекуваме со отворени врати, во се надевам многу подобри инфрастрктурни услови и со подобри резултати. На наставниците и родителите исто така пријатен одмор и во септември подготвени за учење и работа-нагласи Јасмина Спасовска, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“ Куманово.

Од утре до 15-ти јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта.

Коментари

коментар(и)