ВИДЕО: Училиштето „Перо Наков“ со целосно нова фасада

Завршена е новата енергетско ефикасна фасада на СОУ „Перо Наков“ и извршена е комплетна замена на старите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
„Го враќаме сјајот на училиштата во Куманово! Оваа година, во истото училиште направивме партерно уредување и поставивме нова ограда на училишниот двор. Набавивме нови 200 столчиња и 100 клупи, како и 97 компјутери и 7 смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика во матичниот и дисперзираниот објект на училиштето СОУ „Перо Наков” и поставивме нов систем за греење во спортска сала на СОУ „Перо Наков”, рече Димитриевски.

Видеото по вестите во 18 часот.

Коментари

коментар(и)