ВИДЕО: Штрајкот продолжува, РО СОНК алармира за притисоци

Штрајкот во училиштата и градинките во североистокот продолжува. Од регионалниот одбор на Синдикатот за образование, наука и култура, задоволно информираат дека исто како од првиот ден и втората недела од штрајкот, протестираат 95 проценти од образовните установи на ниво на регионот.

Нагласуваат дека не штрајкуваат основното училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка и градинката „Царка Адреевска“ од Кратово. Но укажуваат дека во дел од општините се забележани одредени пристисоци. На нивни членови кои се дел и од политички партии, а се без решение за вработување, им бил поставен ултиматум да го прекинат штрајкот или да излезат од партијата.

-Во локалните самоуправа Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково од страна на политичките партии засега немаме притисоци. Притисоци имаме во Крива Паланка во средното училиште „Ѓорче Петров“, и продолжува несмалениот притисок во градинката „Детелинка“ во Крива Паланка. Притисок во Куманово е извршен вчера од страна на директорката на државно средно училиште регионален центар за обука и образование Киро Бурназ од Куманово, со цел да ги раздели штрајкувачите во две смени. Како полесно да се прекине штрајкот. На реакција на вработените директорката се повлекла. Имало и обид во средното училиште Перо Наков истата директорка се обидела да се стави во улога на координатор на средните училишта во Куманово со цел да ги организира и да ги подели штрајкувачите во две смени, што е одбиено-истакна Никола Стојмановски, претседател на РО СОНК за североисток.

Директорката на „Киро Бурназ“ за телевизија Плус вели дека имало само консултација дали штрајкот да се одвива во две смени, но не и притисок.

-На почетокот на втората недела од штрајкот на наставниците остваривме средба со претседатлот на штрајкувачкиот одбор при училиштето за да се договориме дали поради новонастанатата состојба со преговорите, има потреба штрајкот да се одвива во две смени. Исто така направивме консултација и со други училишта од општината за да ги усогласиме ставовите. Одлука на учесниците во штрајкот е непроменета односно штрајкот да се одвива во една смена и тоа се почитува без никаков притисок. Секоја друга изјава е неточна и невистинита-вели во одговорот директорката на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во Куманово, Весна Трајковска.

Штрајкот во останатите училишта и градинки во Куманово се одвива непречено, велат од СОНК, кои изразија благодарност до родителите за поддршката што ја добиваат.

-Мора да изразам искрена благодарност до сите родители и нашите ученици за несебичната поддршка што ни ја испраќаат со неиспраќањето на дечињата во училиштата за да извршат притисок врз нас. Искрена благодарност со тоа не поттикнуваат да издржиме во овој штрајк кој е подигнат само од социјални причини-истакна претседателот на РО СОНК Куманово, Никола Стојмановски.

Од СОНК дополнуваат дека досега не се регистрирани обиди за испраќање заменски наставници.

 

Коментари

коментар(и)