ВИДЕО: Јавните претпријатија добија механизација од општината

Три комбинирани ровокопачи, натоварувачи добија јавните претпријатија „Водовод“, „Чистота и зеленило“ и „Куманово гас“ од Општина Куманово, преку кредитна линија на Светска банка. Целта е да се подобрат условите за работа на овие претпријатија и граѓаните да добијат подобра услуга. За оваа намена општината подигна кредит од 63,7 милиони денари.

-Просечната камата ќе биде земена од просекот во последните три месеци околу 1 процент и дополнително по имплементација на овој проект ќе добиеме уште 20 проценти од вкупниот износ грант средства кои што општината нема обврска да ги враќа, а за овој кредит средствата би требало да се вратат некаде до 2033 година, што значи со грејс период дополнителен од три години-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Во наредниот период како што најави првиот човек на Куманово, ќе бидат испорачани и три товарни возила кои ќе служат и за зимско одржување на патиштата, едно возило за собирање смет, како и камионет и пајак возило.

-Со ова опремување кое што се врши во некои јавни претпријатија за прв пат од нивното основање а конкретно во ЈП Водовод Куманово по 20 години за прв пат набавуваме една ваква тешка механизација и верувам дека ќе продолжиме по тој пат бидејќи не само што ги зголемиме нивото и квалитетот на услугите на јавните претпријатија туку и нивните основни средства ќе се зголемат што е повеќе од неопходно. Ова се непрофитабилни претпријатија кои вршат само услуга на граѓаните на Куманово. Оваа криза дополнително ги отежна финансиските проблеми, општината бидејќи е основач се обидува да помогне да се подобри и квалитетот на услугите што ги даваат-дополни Димитриевски.

Возилата ќе работат на чистење на дел од речните корита во градот, дивите депонии кои ги има над 80.

Коментари

коментар(и)