(ВИДЕО) Ќе се гасифицира кумановската болница

Започна проектот за гасификација на кумановската болница, информираше директорката Снежана Захариева, потенцирајќи дека установата почнува полека да се враќа во нормала, по намалувањето на бројот на новозаболени од ковид 19. Болницата наскоро ќе добие и компјутерски томограф.

-Сите се радуваме да почнеме нормално да функционираме. Отпочнавме многу проекти планиравме многу работа, кои заради пандемијата не можевме да ги реализираме. Се радувавме што отпочнаа работите околу гасифицкацијата, изградбата на гасна централа, тоа е инвестиција на Министерството за здравство, проектот е наш го имаме веќе 3 и пол години, но беа потребни средства. Министерството излезе во пресрет и веќе се отпочнати градежните работи за изградба на гасна централа, се надевам дека идната грејна сезона ќе ја дочекаме со греење на природен гас и очекуваме до крајот на летото Општата болница Куманово да добие уште еден компјутерски томограф, кој ќе биде сместен во новиот ургентен хируршки центар, имаме простор предвиден за тоа. Овие денови доаѓаа одговорни лица за тоа и фирмата која ќе го набави. Благодарност до Министерството за здравство за сите нивни заложби да функционираме колку што можеме подобро опремени и екипирани-нагласи Захариева.

 

Коментари

коментар(и)