ВИДЕО: Ќе се реконструира и внатрешноста на Спортската сала

Во завршна фаза е првиот дел од реконструкцијата на Спортската сала. Веќе привршува и тендерската постапка за внатрешна реконструкција на овој спортски објекти, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој објасни дека во оваа фаза ќе се реконструираат трбините и подот.

-Распишавме повик за набавка на нов под во Спортската сала и опремување и реконструиција на трибинскиот и подтрибинскиот простор. Претходната постапка за жал пропадна поради превисоки понудени цени од страна на понудувачите и бевме приморени да ја прекинеме постапката и да ја реобновиме бидејќи очекувавме дека ќе се јават поголем број на конкурентски фирми, во овој момент може да кажам дека имаат пријавено три фирми, а како ќе следи постапката ќе видиме-нагласи тој.

Димитриевски не потенцираше кога целосно ќе заврши реконструкција, но изрази надеж дека тоа може да се случи до следниот 11-ти ноември.

-Не очекуваат поголем број на фази. Завршување целосно на кровната констркција, внатрешно уредување, странично и партнерто и секако една од најскапите ставки, на ладење и греење која ќе изискува сериозни финансиски средства. Не би сакал да шпекулирам пак ќе оставам желбите се едно а реалноста и можностите се од друго и ќе зависат од годишниот буџет на општината. Дали тоа на Советот ќе решиме најголем дел од средствата ќе решиме да ги интересираме во спортската сала или пак ќе правиме улици, патишта и друга инфраструктура-дополни Димитриевски.

Според градоначалникот во период од една и пол година откако спортските објекти беа вратени во владение на локалната самоуправа, направено е многу со сопствени средства.

-Средствата кои што се вложени во моментов во Спортската сала се средства кои согласно Законот за регионален рамномерен развој припаѓаат на општина Куманово и наместо тие средства да ги инвестираме во намена за развој на други активности во регионот ги насочивме во изградба на оваа спортска сала која сакаме да добие регионален карактер-истакна кумановскиот градоначалник.

Првиот човек на Куманово истакна дека бакарот од кровот уредно се складира во самиот објект, се држи под клучи и Советот подоцна ќе треба да донесе одлука тој материјал да биде продаден и средствата да се реинвестираат. Реконструкцијата на кровот чини 320.000 евра, средства обезбедени преку проект на Североисточниот плански регион, а учеството на Општина Куманово е со околу десет илјади евра. Овој спортски објект кој датира од шеесетите години на минатиот век е граден со средства од самодопринос на граѓаните и компанијата „Искра“.

 

Коментари

коментар(и)