Винтон во посета на ООУ „11 Октомври“

Координаторот на УНДП и претставник на Програмата за развој, Луиза Винтон, заедно со раководителот на секторот во Швајцарската агенција за развој и соработка за Западен Балкан, Жоржет Бруше, како и претставници од Општина Куманово вчера го посетија ООУ „11 Октомви“ каде имаа можност да проследат како се имплементира проектот за општо корисна работа во кој се вклучени лицата со интелектуална попреченост.

Целта на проектот е инклузија на лицата со пречки во развој во општеството, а поддржан е од УНДП, со реализација на Општина Куманово, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика.

Мислам дека ќе ги увидиме проблемите и ќе дадеме понатамошна поддршка за надминување на сите потребни наши дејствија во однос на инклузија на овие лица во општеството како рамноправни граѓани во општеството, бидејќи таа тенденција гледате дека денеска е во тренд и мислам дека Куманово е предводник во Република Македонија како локална самоуправа која дава голема поддршка.

Според Винтон сите треба да бидат вклучени во секојдневното општество и изрази задоволство од соработката со локалната самоуправа.

Проектите што ги посетуваме денеска се проекти на инклузија, а тоа значи како што ние велиме во Обединетите нации никој да не биде изоставен и сите да бидат вклучени во секојдневниот живот и во животот на општеството. Задоволство ни е што можеме да ја користиме поддршката од една страна на општината Куманово, а од друга страна на швајцарската агенција за меѓународен развој која одбележува 25-годишница од обезбедувањето на меѓународна помош во регионот и навистина ни е задоволство што ги имаме овие два партнери на нашата страна – изјави Винтон.

Швајцарската агенција за развој и соработка веќе 25 години работи на оваа тематика во Република Македонија и со овој проект според Бруше се одбележуваат нови случувања во оваа сфера.

Во наредните четири години имаме намера да ставиме поголем акцент на општествената инклузија во општеството затоа што сметаме дека исклучувањето од општеството ја зголемува сиромаштијата, го зголемува потенцијалот за конфликти и недоразбирање и затоа што сакаме таквите потенцијали и ризици да се избегнат во Македонија – даде Бруше.

Според Бруше ова е доказ како локалната самоуправа може да ја земе судбината во свои раце и да ги реши прашањата кои ги засегаат лицата со попреченост.

Коментари

коментар(и)