Висок пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово претрпеа висок пораз вечерва на домашен терен од бугарскиот тим „Академик“ со 87:70 во премиерниот натпревар од втората фаза во регионалната БИБЛ лига.

Куманово лошо ги одигра воведните две четвртини, постигнувајќи само 22 поени, и на полувреме имаше негатива од 15 кошеви (37:22).

Македонскиот тим во следниот натпревар од вториот дел во групната фаза во регионалната кошаркарска лига го пречекува израелскиот тим „Хапоел Холон„, што ќе се игра на 12ти Март.

Коментари

коментар(и)