Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Традиционалните норми во одредена заедница , но и неповолните услови за работа кои што ги нуди бизнис заедницата во земјите на Балканот, меѓу нив и Македонија се најчестите причини поради кои што жените не се активни баратели на работа. До вакви заклучоци дошла организацијата КЕР од Германија спроведувајќи го проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“. Во рамките на проектот денеска во Куманово беше организиран социјален дијалог на кој присуствуваа невработени кумановки од различни етнички заедници кои имаа можност да ги посочат проблемите со кои се соочуваат при барање на работа.

Проектот  кој што се реализира во пет општини, во Куманово треба да опфати 50 жени од етничките малцински  заедници и барем 10 проценти од жени македонки кои што припаѓаат на некоја категорија на загрозени, велат од организацијата.

Проектот финансиски е  поддржан од Европската Унија, а менаџиран од страна на Секторот за централно финансирање и потпишување договори. Проектот го спроведуваат CARE Deutschland/Luxemburg e.V  и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО во соработка со локалното мултиетничко здружение флоренс најтингејл. Проектот е започнат во јануари годинава, а треба да биде имплементиран до јули следната година.

Коментари

коментар(и)