ВМРО ДПМНЕ: Еколошка катастрофа во градот

-Се наоѓаме денеска во центарот на Куманово на улицата Среќко Пужаљка , каде што во непосредна близина се наоѓаат основните училиште Браќа Миладиновци  и Крсте Мисирков , како и гимназијата Гоце Делчев. Улицата која почесто ја користат пешаци и улица која ги поврзува двете училишта, каде дневно поминуваат минимум 1000 ученици и граѓани  е поплавена од смет, ѓубре и кал. Тука не е можно да поминете, а притоа да не се заглавите во кал до колена. Иста е сликата и со улицата Перо Чичо која се наоѓа токму пред гимназијата.

Дали граѓаните заслужуваат ваков центар на град?!

Градоначаликот со години се крие и не излегува да каже зошто интересите на неговите граѓаните се секогаш ставени на последното место во неговата агенда.

Исто така ја користиме  оваа прилика и да го поканиме да се прошета со неговите општинари и роднини вработени во општината и претпријатијата, по улиците низ Куманово, да видат што НЕ направиле за овие 12 години.

Да видат дека улиците низ централното градско подрачје се со кал и ѓубре, атмосферска канализација која не функционира поради неодржување од одговорните, кејот на реката почнува да личи на депонија, да ги видат дупките со голем пречник каде што веќе има голем број на случаи на граѓани што ги имаат оштетено своите возила. Да видат каква еколошка катастрофа и нехигиена владее во Куманово, сообраќајниот и целиот урбан хаос. Да направи разговор со граѓани кои имаат реални проблеми, да ја слушне ВИСТИНАТА ЗА КУМАНОВО , изјави Менсур Калач , ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

 

Коментари

коментар(и)