(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот ќе го соопштиме веднаш по внатрепартиските филтри

-Со оглед дека внатрепартиската процедура за избор на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори се уште трае, а не сакајќи оние кои условно ќе испаднат од трката да бидат предмет на јавени коментари, ниту пак да ги доведуваме граѓаните и медиумите во заблуда, како што тоа го прави СДСМ, нашиот кандидат за градоначалник на Куманово ќе го соопштиме веднаш штом ги помине сите внатрепартиски филтри, изјави портпаролот на ОК ВМРО -ДПМНЕ, Милан Давидовиќ.

„Она на што како партија сме фокусирани е да конципираме модерна и квалитетна програма која ќе даде реален одговор на сите проблеми на кумановци, а ве уверуваме дека нашиот кандидат ќе е чесен човек, познат помеѓу сограѓаните, во дијаментрална спротивност со актуелната реалност во Куманово што ја застапува СДСМ и пред се, победник! Доколку изборите бидат фер и демократски СДСМ ќе биде убедливо поразен во Куманово, во тоа никој да нема дилема“, изјави Давидовиќ.

Коментари

коментар(и)