ВМРО ДПМНЕ: Не се работи во интерес на граѓаните

-Се наоѓаме во населеното место Проевце каде што минатата недела се случи страшна хаварија предизвикана  од неажурноста и од неодговорноста на јавното претпријатие „Водовод“ и градоначалникот кој целосно го игнорира овој сериозен комунален инцидент. Поточно по којзнае кој пат пукна  главната водоводна цевка која ги снабдува околните населени места од висока зона со вода . Предизвика таква поплава што ги вознемири сите.  За неколку часа   огромни количества вода предизивикаа значителна материјална штета на жителите од ова населено место кои беа приморани како знаат и умеат да се снаоѓаат и да ги заштитат своите домови.  жителите на Проевце секој месец мака мачат со истиот проблем и со чистење на дворовите и подрумите , секој месец имаат поплави и никој за тоа не презема одговорност и мерки за решавање на проблемот. Вчерашната пукната цевка предизвика поплава од поголеми размери каде повторно беа ошететени граѓаните , нивните дворови и домови, нивните плодни ниви и автомобилите. Луѓето тука со солзи во очите кажуваат дека веќе немаат сила да се борат со водата и со ароганцијата на вработените во претпријатието кои постојано ги игнорираат.

Станавме општина каде гласот на граѓанинот не допира до надлежните. Во прв план е се што не е во интерес на граѓаните , а тоа што немаат  инфраструктура низ Куманово и населбите, водовод, канализација и  одводи,  сето тоа може да почека.

Сите се прашуваме : До кога  ќе бидеме жртви на ваквите или слични инциденти и дали локалната власт конечно ќе обезбеди пристојни и пред се безбедни услови за живот во нашата средина?

По се што се случи последниве години во Проевце и во Куманово градоначалникот треба да си понесе морална и политичка одговорност и да одговори за нерешавањето на нашите проблеми, рече на пресконференција  Даниела Петковска, ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Коментари

коментар(и)