ВМРО-ДПМНЕ: Општината не ја одржува населбата Карпош

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска го обвинија градоначалникот и локалната самоправа дека ја запоставилa и не ја одржуваат населбата Карпош. Тие нагласија дека 10.000 жители секојдневно се соочуваат со многу коминални проблеми, недостаток на вода, неасфалтирани и раскопани улици и слично.

-Насекаде може да се види ѓубре кое со недели не го собира јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. И покрај сите молби и укажувања од страна на жителите и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ кон локалната власт да почне сериозно да ги сфаќа проблемите на оваа населба, до денеска резултатите ги нема-наведе Сашо Стошевски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Стошевски праша до кај се изградбите на тротоари на улиците во Карпош, мостот на кој поминуваат стотици ученици, поправката на канализацијата, чистење на коритото на барата, кое што е извор на многу заразни болести и изградбата на детската градинка.

-Беа дадени многу ветувања, кои воопшно не се реализираа, а и тоа едното што го почнавте, како на пример снација на улицата 120, се одвива делумно и преспоро, без јасни рокови до кога треба да биде завршено-наведе тој.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ истакнаа дека нивното трпение е при крај и апелираа градоначалникот што поскоро да започне со решавање на проблемите на граѓаните на населбата Карпош.

 

Коментари

коментар(и)