ВМРО ДПМНЕ протестираше за време на владината седница

Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер со протест пред Занаетчискиот дом додека се одржуваше владината седница го изразија своето незадоволство во однос на најавата дека на седницата ќе бидат разгледани проекти во интерес на Куманово и на граѓаните . Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманобо, Бране Петрушевски потенцираше дека на државата и се потребни темелни и суштински реформи кои што, според него, ќе ги донесе една нова гарнитура на ВМРО по предвремените парламентарни избори.

-Сакаме да ги прашаме како се осмелуваат да дојдат, со оглед на тоа што направија во изминатите 3,5 години за Македонија и изминатите 30 години за Куманово. Од град со кој сите се гордеевме СДСМ направи најзагаден град во Европа, со урбанистички и сообраќаен метеж, кој дополнително го зголеми денешното присуство на министрите.  Пораката е јасна, испраќаме револт, нашиот револт најпрвин потекнува од она непочитување на волјата на македонскиот народ и граѓаните во рм јасно изразени на Референдумот и промената на уставното име на РМ и пред се тое ветување дека Македонија ќе била членка на ЕУ, за жал доживува фијаско, го изразуваме нашиот револт исто што и Владата не сака да ги чита оние препораки кои што стигнуваат од европските институции, од Макрон, премиерот на Франција дека со некаков си декрет и единствена промена на името не се постигнуваат европски стандарди и европски вредности, туку напротив, нам ни се потребни темелни и суштински реформи кои што, за среќа, една нова гарнитурта на ВМРО ќе ги донесе после 12-ти април, изјави Бране Петрушевски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Протестот беше обезбедуван од полициски службеници, а членовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово скандираа пред објектот на градскиот плоштад, Македонија, Македонија.

Коментари

коментар(и)