ВМРО ДПМНЕ: „Среќко Пужаљка “ небезбедна за граѓаните

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово на денешната пресконференција посочи дека улицата Среќко Пужаљка која што деновиве се реконструира не е безбедна за граѓаните, а особено за децата кои што одат во градинка бидејќи шахтите не се затворени. Портпаролот Срѓан Ивановски вели дека конечно, по толку години, локалната власт предводена од СДС, покажала разбирање и се зафатила  со решавање на наталожените проблеми на жителите на оваа улица,. Но, како што потенцира Ивановски,  со решавање на едни, очигледно Зоран Дамјановски и СДС се склони кон создавање на нови уште поголеми проблеми.

– Зошто огромни остатоци од цевки и делови од машини лежат по улицата каде поминуваат илјадници граѓани во текот на денот ?

– Кој ќе одговара до колку некој се здобие со тешки телесни повреди од опасностите кои демнат на улицата?

-Зошто улицата не е затворена за минување, или пак не се осигура за нормално движење на граѓаните ? Вчера во утринските часови беше забележана и отворена шахта покрај која поминуваа ученици и деца за во градинка со своите родители. Очигледно градоначалникот не го интересира безбедноста на граѓаните, туку ако може овој гратис период што го доби до локалните избори, да го искористи за сопствена промоција, надевајќи се дека колку толку ќе го сокрие срамот од урбаното деградирање на Куманово, изјави Срѓан Ивановски, портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

За градоначалникот Дамјановски, животот и здравјето на граѓаните не е на прво место. Побитно за локалната власт е со нивната кампања да закрпат што повеќе дупки во градот, сметаат од општинскиот комитет.

Во врска со пресконференцијата на опозицијата во градот, градоначалникот Дамјановски најави  дека улиците „Среќко Пужаљка“ и „Перо Чичо“ ќе бидат завршени во наредните 4-5 дена и ќе се отпочне со комплетна санација и реконструкција.

-Неколку пати се извинив на граѓаните, бидејќи приклучоците одат многу споро од разликите во висинските разлики во шахтите, замолив за трпение. „Среќко Пужаљка“ има нова изградба, а „Перо Чичо“ ќе бид екомплетно реконулиците струирана и ќе имаме комплетна асфалтна подлога, гледате дека Куманово се работи овие денови и се надевам дека ќе бидат задоволни граѓаните. Они немајќи што во оваа ситуација кога имаат политичка катаклизма на нивната партија, која полека, но сигурно се отвора за сите стотици милиони евра на сметка на граѓаните украдени во име на партијата мораат да имаат некакви аргументи за да напаѓаат, идат локални избори тука е нешто за кое граѓаните гласаат за локален интерес и се надевам дека граѓаните ќе го препознаат тоа – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Реконструкцијата на улиците во рамките на тековното летно одржување на патната инфраструктура во градиот  отпочна минатата недела во централното градско подрачје.

Коментари

коментар(и)