Волонтери со показна вежба во „Крсте Мисирков“

Десетина волонтери од тимот за прва помош при општинската организација на црвениот крст денеска преку показна вежба ги информираа учениците од основото училиште Крсте Мисирков и им дадоа упатства и насоки како да постапат  и да помогнат на некој повреден во нивна близина од причина што првата помош е секогаш најбитна. Околу 20-ина ученици од шесто до деветто одделение  беа дел од активноста на црвениот крст од Куманово.

-Целта на оваа показна вежба е да ги научиме младите од основните училишта доколку се најдат во простор каде што има повреда да не паничат туку да помогнат доколку можат доколку стигне итната помош. Ќе бидат изведени сомнителна повреда на подколеница, страно тело во рака односно убод од нож и на вратен рбет-истакна Теодора Атанасовска волонтер при Црвен крст Куманово.

Вакви показни вежби е планирано да се одржат и низ другите училишта во градот. Од црвениот крст сметаат дека истите се значајни на децата на оваа возраст.

-Мислам дека многу придонесуваат и јас бев на место на овие ученици и знам дека ова ме привлече да одам во Црвен крст исто така и други деца кои ни имаат кажувано дека нашата помош им придонела многу, не да ја санираат целата повредат туку знаат во тој момент како да се снајдат-посочија оттаму.

Во основото училиште Крсте Мисирков денеска се одржа и крводарителска акција.

Коментари

коментар(и)