Вонредна крводарителска акција

Потребите за крв се зголемени во текот на летниот период заради што Црвениот крст на РМ во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје покрај редовните, организира и вонредни крводарителски акции . Граѓаните на Куманово денеска уште еднаш ја покажаа својата хуманост и желба да помогнат на некого.

-Ова е втора вонредна крводарителска акција, досега даруваа крв 28 доброволци, а се очекуваат педесетина во летниот период. Акции  има во секој град бидејќи е летно време и има повеќе потреба од крв , изјави Марија Михајловска, волонтер во ОО на Црвен крст Куманово

-Битно е заради тоа што крвта е еден од најбитните елементи во човековот тело, потребите за крв се зголемени во текот на летниот период на ниво на целата држава. Граѓаните секогаш се хумани, но секогаш може и повеќе. Апелираме до граѓаните од 18 до 65 години кои што се здрави да даруваат крв. Просечно се собираат на една акција од 20 крвни единици нагоре, изјави д-р Бојан Тодоровски, Институт за трансфузиона медицина Скопје

Поголем дел од денешните крводарители редовно даруваат крв без разлика по кој повод се организираат  акциите.

-Редовен крводарител сум, досега 62 пати имам дарувано крв, со колегите од дирекцијатаза заштита и спасување секогаш сме дел од крводарителски акции, многу е битно да се дарува крв бидејќи никогаш не се знае на кого ќе му затреба крв, можеби на себе си, на семејството, изјави Слаѓан Антевски , крводарител

Надлежните ги повикуваат граѓаните на возраст од 18 до 65 годишна возраст кои што се во добра здравствена состојба да бидат дел од крводарителските акции  што ги организира Црвениот крст на ниво на државата.

Коментари

коментар(и)