Вонредна седница на советот

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“  денеска не го собраа сметот во градот . Вработените се револтирани поради две неисплатени плати, а на комуналното претријатие сметката е блокирана од УЈП поради , како што тврдат надлежните, долг од 64 милиони денари стар 15 години. Како единствено решение  да се деблокира  сметката на фирмата , мнозинството  советници, со исклучок на Коалицијата  „За подобра Македонија “  на минатата седница видоа во донесување одлука комерцијалниот дел од затворениот базен и објектот за парастаси на градските гробишта да се стават под хипотека. Но, и по усвоената одлука и доставените потребни документи во надлежното министерство ,  блокадата се уште е активна, вели градоначалникот Зоран Дамјановски, кој денеска свика координација на советничката група со цел закажување на вонредна седница.

– Вчера добивме мислење од министерството за финансии дека не се надлежни за давање согласност за ставање под залог,  хипотека на имот општински и на имот на јавно претпријатие , изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово . Од  УПЈ посочија  дека имотниот лист кој што го доставиле за салата за парастаси бил заеднички и за капелата и за гробните места. Управата  побара  да се направи  исправка, па дури потоа да биде разгледана можноста за деблокирање на сметката, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Претседателот на Советот, Александар Арсиќ, информираше  дека  вонредната  седница ќе се одржи  со  почеток во 10 часот .

-Ова што се случува во јавното претријатие  не е од денеска и овој совет со траење од 4 години има затечено одредени пробелми со кои се соочуваат, овие проблеми се повеќедецениски. Овие претријатија имаат свој долг меѓуота тој долг и она што значи враќање на долгот ќе си го работи јавното претпријатие. Наше како советници е да дадеме само поддршка за она што го бараат од нас,  а тоа е да им овозможиме фер битка односно фер враќање на долгот према УЈП .Јавното претрпиајтие се обврзува на 36 рати да го враќа долгот на УЈП и на тој начин овој долг веќе да не постои во ова јавно претпријатие, изјави Александар Арсиќ, претседател на Совет на општина Куманово

Надлежните од локалната самоуправа апелираат до работниците во „Чистота и зеленило“  да имаат разбирање за ситуацијата во која што се наоѓа претпријатието и да не дозволат градот да потоне во смет.

Коментари

коментар(и)